18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го совлада Дел Потро и се пласираше во четвртфиналето во Акапулко

Ѓоковиќ го совлада Дел Потро и се пласираше во четвртфиналето во Акапулко

137084770958b79b82795d4456658590_w640

Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на АТП турнирот во Акапулко. Српскиот тенисер по речиси 150 минути голема борба славеше над Хуан Мартин дел Потро со 2:1 (4:6, 6:4, 6:4).

Дуелот на големите пријатели пред полните трибини во Акапулко донесе голема борба, од првиот до последниот поен, Ѓоковиќ успеа да се извлече од амбисот и на крајот да победи.

Дел Потро во решавачкиот трет сет, направи брејк поведе со 3:4, но подоцна се покаја дека тоа беше последниот гем кој го освои во мечот. Ѓоковиќ до крајот освои три гема и избори полуфинале со котроверзниот Австралиец Ник Кириос.

Ѓоковиќ делумно му се реваншира на Дел Потро за поразот на олимпискиот турнир, а во меѓусебните дуели сега води со 12-4.

Турнирот во Акапулко се игра за награден фонд од 1,4 милиони долари, а титулата ја брани Австриецот Доминик Тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП