4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуис Енрике заминува од Барселона

Луис Енрике заминува од Барселона

94900818_enrique_getty

Тренерот на Барселона Луис Енрике потврди дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.

Луис Енрике по победата над Спортинг 6:1 ги потврди шпекулациите дека по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Барселона.

„Нема да бидам тренер на Барселона наредната сезона. Ми треба време за да се одморам од фудбалот. Начинот на кој јас ја извршувам работата е причината поради која морам да заминам. Ми недостигаат часови за одмор“, рекол Енрике.

Тренерот на Барслеона за денесената одлука да го напушти клубот најпрвин ги известил играчите, а потоа се обрати пред новинарите. Од друга страна претседателот на клубот Џорди Бартомеу соопшти дека уште пред неколку денови Енрике му ја кажал својата одлука.

„Клубот ја прифаќа неговата одлука. Беше одличен тренер. Сега мора да ја завршиме сезоната на најдобар начин. Луис Енрике ни помогна да бидеме успешни и сеуште може да ни биде од помош“, рекол Бартомеу.

Тренерската кариера ја започна во Б тимот на Барселона, потоа беше во Рома и Селта Виго, а во 2014 година се врати во Барслеона.

Во својата прва сезона на клупата на Барселона тој ја освои тројната круна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП