4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонте седнува на клупата на Интер!?

Конте седнува на клупата на Интер!?

konte39555

Фудбалскиот клуб Интер постигнал договор со тренерот на Челзи, Антонио Конте, од наредната сезона тој да се пресели на „Џузепе Меаца“, пренесоа во средата водечките италијански медиуми.

Антонио Конте, според италијанските медиуми, најпрвин ја одбил понудата на Интер за годишна плата од 11 милиони евра, но потврдно одговорил на наредната понудата од Интер, според која тој би потпишал четиригодишен договор и би имал плата од 15 милиони евра на годишно ниво.

Адвокатскиот тим на Интер веќе стапил во контакт со сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, за да ги договори деталите според кои Конте може да го раскине договорот.

Антонио Конте внесе нова димензија во играта на Челзи, кој е лидер на табелата и многу веројатно нов англиски шампион.

Инаку италијанските, а и англиските медиуми, пишуваат дека Конте не е во добри односи со сопственикот Абрамович, бидејќи сеуште не му е соопштено колкав ќе му биде буџетот во летниот преоден рок, но и поради тоа што не му е дозволено да има шестмина асистенти, туку само тројца,

Сепак, семејството кое остана во Италија, според медиумите е главна причина што тој сака да го напушти Лондон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП