2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусија ќе црпи средства од пензинските фондови за Мундијалот

Русија ќе црпи средства од пензинските фондови за Мундијалот

zx450y250_2051307

Русија планира да одвои дополнителни 250 милијарди рубљи (6.13 милијарди евра) за подготовка на светското фудбалско првенство во 2018-та година.

Според руските медиуми средствата можат да бидат земени од Фондот за национално богатство (ФНБ), во кој се акумулираат средства за покривање на дефицитот во пензискиот фонд на Русија. Руски економисти велат дека ова може да ги остави русите без пензии.

Премиерот Дмитриј Медведев му нареди на министерот за финансии, Антон Силуанов да најде начин за дополнително финансирање на подготовките на „мундијалот“.

Пред две недели Министерство за спорт на Русија објави нацрт-декрет, во кој ги објаснуваат проблемите за привлекувањето на потребните 1 трилион рубљи (24 милијарди евра).

Половина требаше да бидат покриени од федералниот буџет, а алтернативните извори требаше да придонесат со уште 267 милијарди рубљи (6,5 милијарди евра).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП