22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДаниел Кларк не е повеќе дел од МЗТ

Даниел Кларк не е повеќе дел од МЗТ

klark-696x469

МЗТ спогодбено го раскина договорот со Британецот Даниел Кларк, објави клубот на својата официјална интернет страница.

Репрезентативецот на Велика Британија во „Јане Сандански“ дојде кон крајот на октомври минатата година како замена за Џеремаја Мејси и во сино-белиот дрес одигра 15 средби во АБА-лигата со просек 8,5 поени и 4,2 скока како и еден меч во Купот на Македонија, во полуфиналната елиминација од Фени индустри.

„Кларк веќе се поздрави со досегашните клупски колеги и во текот на денешниот ден ќе замине во родниот Лондон“, соопштија од МЗТ.

Македонскиот шампион се наоѓа во тешка положба на табелата во АБА лигата, има скор од осум победи и 16, односно една победа повеќе од двете последнопласирани екипи Морнар и Задар кој има натпревар помалку.

МЗТ во последните две кола ќе игра против Будуќност во Подгорица на 6.март, а потоа ќе го пречека Морнар на 13.март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП