4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши сезоната за Дурент? (видео)

Заврши сезоната за Дурент? (видео)

94888119_kevindurant_ap

Одличната сезона на Голден Стејт може да се претвори во кошмар по повредата на Кевин Дурент која може да значи крај на сезоната за првиот стрелец на екипата. Официјално колкава пауза го очекува Дурент клубот ќе соопшти доцна попладнево.

Кевин Дурент настрада од соиграчот Заза Пачулија и по само 93 секунди го напушти теренот во Вашингтон.

Грузиецот беше во борба со Гортат кој го оттурна, а овој падна на коленото на Дурент. Осумкратниот Ол-стар веднаш се фати за левото колено, но продолжи да игра, но набргу излезе од игра, замина во соблекувалната и повеќе не се врати на теренот.

Познатиот американски новинар, Адријан Војнаровски, кој секогаш е добро упатен во кошаркарските случувања објави дека оваа сезона за Дурент е завршена.

Од друга страна клубот кусо соопшти дека дури откако ќе биде направена магнетната резонанца ќе можат да соопштат колкава пауза го очекува Дурент, односно дали тој ќе паузира неколку недели или неколку месеци.

Повредата на Дурент ги мобилизира клупските челници кои веднаш потпишаа со 36-годишнот Мет Барнс, крилен играч кој од 2006 до 2008 играше во Голден Стејт. Барнс пред неколку денови доби отказ во Сакраменто.

Доаѓањето на Барнс му ги расипа плановите на Шпанецот Хозе Калдерон, кој исто така пред неколку денови доби отказ во ЛА Лејкерс и веднаш договори соработка со Голден Стејт, но повредата на Дурент ги смени плановите на тимските челници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП