21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПутин ги отфрлил шпекулациите дека спортистите користеле допинг кој бил спонзориран од...

Путин ги отфрлил шпекулациите дека спортистите користеле допинг кој бил спонзориран од државата

vladimir-putin-moscow-olympic-games_3752732

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрлил шпекулациите дека спортистите од оваа земја користеле допинг кој бил спонзориран од државата.

Изјавата на Путин доаѓа по барањето на Националните анти-допинг сојузи (NADOs) сите руски спортисти да добијат општа забрана за учество на сите натпреварувања се додека Русија не постави правилен анти-допинг систем.

„Никогаш не сме и се надевам дека нема да спонзорираме допинг програма. Ние ќе се бориме против допингот“, ја пренесува Ројтерс изјавата на Путин.

Рускиот претседател признал дека постоел индивидуален допинг на руските спортисти во минатото и дека допинг системот во државата не бил на потребното ниво.

„Ќе поставиме нов систем кој ќе функционира“, порачал Путин.

Воочи Олимписките игри во Рио де Жанеиро мината година, Светската анти-допинг агенција (WADA) побара од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да ја суспендира Русија, но барањето беше одбиено, односно МОК им препорача на спортските организации сами да решаваат за казните.

Настап на Игрите во Бразил им беше забранет на руските атлетичари и параолимпијците, а подоцна неколкумина руски освојувачи на медали од разни натпреварувања беа суспендирани, а нивните резултати поништени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП