8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус подобар од Наполи во првиот полуфинален дуел од италијанскиот куп (видео)

Јувентус подобар од Наполи во првиот полуфинален дуел од италијанскиот куп (видео)

7155545358b5ed9609128661752607_w640

Фудбалерите на Јувентус стекнаа голема предност во однос на Наполи по првиот полуфинален натпревар во Купот на Италија. Јувентус на реваншот во Неапол ќе патува со предност од 3:1.

Бранителот на трофејот во Купот, Јувентус, со пресврт успеа да го победи Наполи, постигнувајќи три гола во 20 минути игра во второто полувреме.

Наполи по првиот дел имаше предност со голот кој го постигна Шпанецот Хосе Каљехон. Во вториот дел, уште на стартот, Јувентус израмни преку Дибала од сомнително досуден пенал. Потоа, по грешката на Реина, Гонзало Игуаин погоди за 2:1, а Дибала од уште еден пенал го постави конечниот резултат.

По натпреварот Наполитанците беа незадоволни од судењето, а директорот Кристијано Џунтили истакнал дека одлуките кои ги носел судијата биле штетни за италијанскиот фудбал.

„Загубивме поради две судиски одлуки кои не само што се спорни, туку се срамни и штетни за италијанскиот фудбал. Кај првиот гол Дибала бараше контакт, тоа јасно се гледа на снимката. Кај вториот Реина стигна до топката, а потоа не можеше да исчезне, мораше да има контакт со играчот. Уште полошо е што тоа се случи откако не беше досуден пенал за нас“, рекол Џунтили.

Полуфиналниот реванш во Купот на Италија, во Неапол, ќе се одигра на 5.април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП