14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург одигра нерешено на гостувањето кај Извиѓач

Металург одигра нерешено на гостувањето кај Извиѓач

metalurg-1-680x365_c

Ракометарите на Металург ремизираа на гости кај Извиѓач 24:24, во претпоследниот натпревар за нив во СЕХА лигата. Металург против Извиѓач на волшебен начин се извлече од пораз откако Гуглета постигна два гола во последните 30 секунди од натпреварот.

Металург, без првиот тренер Лино Червар кој остана во Скопје, се спасуваше од пораз иако во најголемиот дел од натпреварот имаше водство.

По израмнетиот почеток Металург прв повлече потег и со серија од пет гола во 18. минута стигна до водство 9:5. Пет минути подоцна македонскиот претставник во СЕХА имаше пет гола повеќе од противникот (12:7), а на полувреме разликата беше три гола (13:10).

Предноста од три до пет гола Металург ја одржуваше се до 45. минута (19:15), кога избраниците на Јовиќ неразбирливо го загубија ритамот, девет минути не постигнаа гол, а примија шест и во последните пет минути влегоа со негатива од два гола 19:21.

Два гола предност Извиѓач имаше сé до последните 30 секунди кога Гуглета намали на 23:24, а потоа истиот играч украде топка и од својата половина го постави конечниот резултат 24:24.

Голманот Арсиќ го предводеше Металург на овој натпревар со 15 интервенции, кај стрелците се истакнаа Обрадовиќ со шест, односно Илиќ и Пешевски со по пет голови. Херојот Гуглета натпреварот го заврши со четири голови.

За Металург дебитираше српскиот играч Предраг Вејин, кој не успеа да се запише меѓу стрелците, односно ги промаши четирите удари кон голот на Извиѓач.

Сезоната во СЕХА лигата Металург ќе ја заврши на 7. март со гостувањето кај Нексе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП