Капитенот на Барселона Андрес Иниеста рекол дека би сакал Луис Енрике да остане тренер и по завршувањето на оваа сезона, истакнувајќи дека целиот тим има доверба во тренерот.
Позицијата на Луис Енрике сериозно е разнишана по дебаклот во Париз и поразот од ПСЖ (4:0) во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.
Притисокот врз тренерот малку попушти по четирите последовни победи во првенството, по кои Барселона остана во трката за шампионската титула.
„Тимот илјада отсто е со тренерот. Не знам дали тој ќе остане и наредната сезона, но се надевам дека тој сака да работи со овој тим и дека ќе продолжиме со него да освојуваме титули“, изјавил иниеста за шпанските медиуми.
Капитенот на Барселона ги прокометрирал и шансите кои ги има неговиот тим во реваншот против ПСЖ.
„Ситуацијата е компликувана но ние мора да имаме верба во себе. И покрај тоа што разликата е голема, постојат шанси да го минеме осминафиналето“, рекол Иниеста.