Алекс Душебаев е најдобриот десен бек во 12.коло, во Лигата на шампионите. Шпанскиот репрезентативец трет пат сезонава е дел од идеалниот тим на колото, во изборот на ЕХФ.
Душебаев го предводеше Вардар до победата над Цеље 35:30, во 12.коло во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион по 12 натпревари е лидер во Б групата.
Покрај Дуешебаев, кој е најдобар десен бек, во тимот на колото според ЕХФ се најдоа уште голманот на Барселона Де Варгас, левото крило на Рајн Некар Сигурдсон, левиот бек на Веспрем Илиќ, средниот бек на Шафхаузен Часар, десното крило на Фленсбург Радивојевиќ и пивотот на Силкеборг Кнудсен