16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ го носи Лига купот во Манчестер (видео)

Ибрахимовиќ го носи Лига купот во Манчестер (видео)

ibra-680x365_c

Манчестер Јунајтед го освои трофејот во Лига купот со победата над Саутемптон 3:2. Мечот го реши Ибрахимовиќ во 87.минута.

Финалето на најстарото фудбалско натпреварување во светот заврши со победа на Манчестер Јунајтед, иако Саутемтон беше подобриот тим, имаше повеќе шанси (Ориол во вториот дел го погоди дирекот), а при резултат 0:0 на Габијадини му беше поништен регуларен гол.

Јунајтед славеше во Лига купот по пауза од седум години, а а Ибрахимовиќ му го донесе петтиот трофеј на клубот од „Олд Трафорд“. Менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, четврти пат во кариерата го освојува Лига купот, откако претходно победуваше со Челзи во 2005, 2007 и 2015 година.

Серијата на голови на Вембли ја отвори Ибрахимовиќ во 19.минута, потоа Лингард ја удвои предноста на Јунајтед вп 38-та, а во судиското надополнување на времето во првиот дел Габијадини намали на 1:2. Италијанецот израмни во 48.минута на 2:2, ова беше негов шест гол во четвртиот натпревар во дресот на Саутемптон.

Ибрахимовиќ на три минути до крајот на мечот го постигна својот втор гол, трет за Јунајтед со кој „црвените ѓаволи“ го освоија трофејот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП