20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Вардар ја совлада Шкендија

ПМФЛ: Вардар ја совлада Шкендија

vardar-shkendija-680x365_c

Фудбалерите на Вардар натправија голем чекор кон одбрана на титулата со победата 3:1 над единствениот конкурент Шкендија.

Најтрофејниот македонски клуб во целост го надигра противникот, постигна три гола, имаше и повеќе шанси и по 20 кола има седум бодови предност во однос на Шкендија.

Три гола беа постигнати во првото полувреме најпрвин Берсегјан погоди за 1:0 во 28.минута, потоа израмни Ибраими во 40-та,а пет минути подоцна Фелипе од пенал му ја врати предноста на Вардар.

Вардаровиот Шпанец во 74.минута го постави конечниот резултат со брилијантен гол од слободен удар.

Резултати, 20.коло:
Вардар-Шкендија 2:0
Силекс-Победа 2:0
Пелистер-Брегалница 2:1
Шкупи-Работнички 1:1
Ренова-Македонија ЃП 2:2

Табела: 1. Вардар 47, 2. Шкендија 40, 3. Пелистер 33, 4. Работнички 32, 5.Силекс 27, 6. Ренова 27, 7. Шкупи 17, 8. Победа 16, 9. Македонија ЃП 16, 10. Брегалница 11.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП