5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрв пораз на Вардарки сезонава во Лигата на шампионките

Прв пораз на Вардарки сезонава во Лигата на шампионките

vardarki-680x365_c

Будуќност стави крај на серијата од осум победи, најдолга во клупската историја, во која се наоѓаа ракометарките на Вардар, откако во Скопје триумфира 28:31 (16:17). Поразот во неделата беше прв за ЖРК Вардар оваа сезона во Лигата на шампионите.

Ракометарките на Вардар против големите ривалки одиграа лош натпревар, во кој само еднаш водеа, немаа решение за одбраната на ривалките, иако Будуќност во најголемиот дел од натпрварот немаше предност поголема од три голови.

Будуќност целосно го контролираше натпревар, а до големата победа ги предводеше Катарина Булатовиќ која постигна 14 голови, шест од нив во раната фаза на натпреварот.

Кај Вардар Андреа Пенезиќ беше најефикасна со шест голови, односно постигна гол повеќе од Александра Лакрабер.

Вардар и покрај поразот остана на лидерската позиција во Групата 1 со 13 бодови колку што има и Ференцварош, додека Будуќност е на третото место со 10 бодови.

Во наредното коло на 5.март Вардар ќе му гостува на Мец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП