9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКваљарела го разочара Несторовски (видео)

Кваљарела го разочара Несторовски (видео)

nestorovski-680x365_c

Палермо и Сампдорија одиграа 1:1 во првиот неделен натпревар од 26.коло во Серија А. Голот за Палермо го постигна Илија Несторовски од пенал, што е негов десетти оваа сезона во италијанското првенство.

Фудбалерите на Палермо пропуштија голема можност да освојат три бода против Сампдорија кои многу ќе им значеа во борбатра за опстанок.

Палермо од 31.минута имаше водство, кога Несторовски беше сигурен реализатор на најстрогата казна. Минималната предност тимот од Сицилија ја имаше до последната минута кога израмни Кваљарела.

Палермо на 12 кола до крајот на првенството има 15 бодови, седум помалку од Емполи кој е прв од тимовите во безбедната зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП