7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПортокаловата боја се враќа на болидите на Мекларен

Портокаловата боја се враќа на болидите на Мекларен

laren30

По Вилијамс, Рено, Мерцедес и Ферари и екипата на Мекларен го претстави болидот за новата сезона во Формула 1. Болидот ја носи ознаката MCL32 и со него британскиот ја започнува новата ера во тимската историја.

Мекларен за оваа сеозна реши да ги смени боите на тимот, а болидот MCL32 е првиот модел уште од 1980 година кој го нема префиксот MP4. Новата ера во тимската историја е најавена со заминувањето на Рон Денис, на чие место дојде Зек Браун.

Бојата на новиот Мекларен е портокалова, што само потврдува дека тимот се враќа на корените, оваа боја на болидот Мекларен ја имаше од 1968 до 1971 година.

За Мекларен во новата сезона ќе возат Фернандо Алонсо и дебитантот Стофел Вандорн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП