21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Рома-Лион е најинтересниот дуел во осминафиналето

ЛЕ: Рома-Лион е најинтересниот дуел во осминафиналето

le zdrep 9344

Олимпик Лион и Рома е најпривлечната двојка во осминафиналето во Лига Европа. Жрепката за оваа фаза која се одржа во петокот во Нион, реши во меѓусебен дуел пласмна во четвртфиналето да бркаат германските тимови Шалке и Борусија, односно белгиските Гент и Генк.

Најголемиот фаворит за освојување на титулата во Лига Европа, Манчестер Јунајтед, за противник во осминафиналето го доби рускиот Ростов, тим кој играше во фазата по групи во Лигата на шампионите и кој успеа да го совлада минхенски Баерн, а иако два пати загуби, одигра два рамноправни дуели со вицепрвакот на Европа, Атлетико Мадрид.

Дербито во оваа фаза ќе го играат Олимпик Лион и Рома, а многу возбудувања се очекувата и на грчко-турската пресметка помеѓу Олимпијакос и Бешикташ.

Ѓрепката донесе и два дуели во кои ќе играат екипи од иста земја, Шалке-Борусија Менхенгладбах во германската, односно Гент и Генк во белгиската пресметка.

Третиот белгиски тим кој избори осминафинале за противник го доби кипарски АПОЕЛ, Селта повоторно ќе игра против екипа од источниот дел на Европа. Шпанцкиот тим ве четвртокот го елиминира Шахтјор, а четвртфинале ќе брка против Краснодар.

Последната двојка ја формираа дански Копенхаген и холандски Ајакс.

Првите осминафинални натпревари ќе се одиграат на 9.март, а реваншите се на 16.март.

Финалето во Лига Европа во сезоната 2016/2017 ќе се одигра на 24.мај во Стокхолм, Шведска.

Осминафинални двојки во Лига Европа:

Селта (Шпанија)-Краснодар (Русија)
АПОЕЛ (Кипар)-Андерлехт (Белгија)
Шалке (Германија)-Борусија Менхенгладбах (Германија)
Олимпик Лион (Франција)-Рома (Италија)
Ростов (Русија)-Манчестер Јунајтед (Англија)
Олимпијакос (Грција)-Бешикташ (Турција)
Гент (Белгија)-Генк (Белгија)
Копенхаген (Данска)-Ајакс (Холандија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП