13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОбновата на цените на суровините и донесе добивка и на Glencore

Обновата на цените на суровините и донесе добивка и на Glencore

glencore33

Швајцарската компанија „Glencore“ повторно се врати кон добивка по растот на цените на суровините, што е неверојатно закрепнување за рударскиот гигант, по загубата од милијарди долари една година порано.

Компанијата објави дека нето профитот достигна 1,4 милијарди долари во 2016-та година во однос на нето загубата од 4,9 милијарди долари за претходната година. Приходите, прилагодени спрема закочените операции, се зголемиле до 152,9 милијарди долари од 147,4 милијарди долари една година порано.

Профитот на „Glencore“ е уште еден позитивен сигнал од рударскиот сектор. „BHP Billiton“ и „Anglo American“ соопштија претходно оваа недела дека исто се вратиле кон профит како резултат на повисоките цени на суровините.

Главниот извршен директор на „Glencore“, Ајван Гласенберг изјави дека силниот профит и на пониските нивоа на долгот ќе и дадат на компанијата флексибилност или ќе ги зајакне трансакциите или да врати пари на акционерите.

„Не мислам дека има нешто што вреди околу нас, но ќе видиме какви можности ќе се појават. Ако не најдеме големи можности, ќе раздадеме големи дивиденди“, рече тој на конференциски повик со новинарите.

Нето долгот е намален на 15,5 милијарди долари кон крајот на годината од 25,9 милијарди долари кон крајот на 2015-та година, што е под очекувањата на опсегот на намалување меѓу 16,5 и 17,5 милијарди долари, откако повисоките цени на суровините, укинувањето на дивидендата и продажба на средства за 4,7 милијарди долари го намалиле притисокот од балансот на компанијата.

„Glencore“ вели дека бизнисот со трговија предвиде добивка пред камата и даноците од 2,8 милијарди долари за минатата година – 14% раст во однос на 2015-та година, во позадина на силната побарувачката, претежно од Кина, и падот на инвентарот.

Компанијата очекува трговската група да постигне приспособена профит во опсег од 2,2 до 2,5 милијарди долари во 2017-та година. Тоа е на пониско ниво од насоките од претходните години (3,2 милијарди долари) поради продажба на половина од земјоделската единица во минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП