17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлаудио Раниери доби отказ

Клаудио Раниери доби отказ

94823481_claudio_ranieri3

Актуелниот англиски шампион Лестер се раздели со тренерот Клаудио Раниери, човекот кој пред девет месеци на клубот му ја донесе историската титула, објави Би Би Си спорт.

Отказ за Клаудио Раниери и покрај освоената титула беше очекуван епилог, бидејќи тимот се бори за опстанок во Премиерлигата, во новата сезона, е неочекуван бидејќи доаѓа по не така лошиот пораз во Севилја (2:1) во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

Веста која прв ја објави Би Би Си спорт ја потврди и клубот, а медиумите во Англија засега не шпекулираат со имињата на можниот наследник на италијанскиот стратег.

„Неговиот статус како најуспешен менаџер во историјата на Лестер засекогаш ќе остане непроменета, тука нема дилеми. Меѓутоа, резултатите во домашното првенство го доведоа во прашање премиерлигашкиот статус во опасност, поради што сметаме дека оваа одлука е вистински решение“, стои во клупското соопштение.

Инаку Лестер сезонава игра добро во Лигата на шампионите, каде стана првиот дебитант кој победил на стартните пет натпревари во групата, но работите во Премиерлигата одат лошо по тимот, кој до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок.

Лестер на 25 натпревари во Премиерлигата забележа само пет победи, шест нерешени и 14 порази и со 21 бод се наоѓа на 17-то место со само два бода повеќе од двете последни екипи Кристал Палас и Сандерленд и бод повеќе од 18-от Хал.

Лестер е во опасност да стане првиот тим уште од 1938 година кој по освоената титула, во наредната сезона испаднал од елитата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП