11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарпош Соколи: Во БИБЛ не се почитуваат основните стандарди

Карпош Соколи: Во БИБЛ не се почитуваат основните стандарди

BIBL-680x365_c

БИБЛ лигата ја определи казната за Карпош Соколи, откако актуелниот освојувач на Купот на Македонија, во средата, замина од паркетот во 27. минута и не го заврши натпреварот со Теодо.

Карпош Соколи вкупно на сметка на БИБЛ ќе треба да плати 10.000 евра, односно казната за напуштањето на теренот за мечот со Теодо е 5.000 евра, а истата сума скопскиот тим треба да ја плати бидејќи на мечот со Куманово не ги почитувал пропозициите, односно на теренот немало домашен играч.

БИБЛ му наложи на Карпош Соколи најдоцна до петок да уплати 6.000 евра доколку тимот сака да продолжи да се натпреварува во Балканската лига.

Од друга страна, Карпош Соколи низ соопштение апелира до Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и до другите национални федерации да покренат иницијатива со која ќе биде ставен ред во БИБЛ лигата, односно да се добие „натпреварување признаено од ФИБА, кое реално ќе придонесе за развој на кошарката во регионот“.

„Соколите“ велат дека неофицијално сите клубови го делат нивниот став, но се дел од лигата бидејќи сакаат да играат меѓународни натпревари.

„Во отсуство на иницијатива на националните федерации, злоупотребена е можноста за организација на вакво натпреварување, од страна на физички лица, кои водат катастрофални политики, непочитувајќи какви и да се стандарди во организацијата, своеволно водејќи го натпреварувањето, кое има само негативни импликации врз кошаркарскиот спорт“, се вели во дел од соопштението.

Исто така, од клубот велат дека од почетокот на сезоната имаат лош третман и катастрофално судење, а дека сето тоа кулминирало на натпреварот со Теодо.

„Нашиот клуб во континуитет има катастрофален третман од раководството на Лигата и во континуитет има катастрофално судење, најгрубо прекршувајќи ги елементарните правила на кошаркарската игра, кое кулминираше на натпреварот со КК Теодо од нашата збратимена општина Тиват“, додаваат.

Карпош Соколи, исто така, посочуваат дека на мечот со Теодо бил делегиран судија кој воопшто го немал положено лагер тестот на ФИБА.

„За судиите можеби и можеме да најдеме оправдување, бидејќи имаме информации дека долгот на БИБЛ кон судиите за такси и патни трошоци е близу 100.000 евра (само кон нашите судии и делегати околу 20.000 евра), а газдата на лигата постојно им се заканува да ги слушаат неговите инструкции, повикувајќи се на блиски релации со раководни лица на ФИБА, преку кои ќе им ја уништел кариерата!?

Големиот број на казни, кои неоправдано ни ги изрекува раководството на Лигата, имаат само еден мотив – финансиски, со цел што е можно повеќе да се компензира гарантниот повратен депозит, кој клубот го депонираше како гаранција за учество и плаќање на евентуалните казни, а БИБЛ треба да му го врати по завршување на сезоната.

До овој момент БИБЛ лига не вратиле ниту еден “повратен” депозит, барем не на клуб кој е член на МКФ, а претходно партиципирал во ова натпреварување, а долговите кон нашите судии од коло во коло се зголемуваат.

Поради ова, се повеќе квалитетни судии ги откажуваат делегирањата, па во таков случај, на вчерашниот натпревар, ни беше делегиран судија кој воопшто и несмее да биде делегиран, бидејќи не го положил легер тестот за судии за оваа натпреварувачка сезона, и неможе да го носи знакот на ФИБА“, се наведува меѓудругото во соопштението од КК Карпош Соколи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП