18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Баерн е најголем фаворит за титулата според обложувалниците

ЛШ: Баерн е најголем фаворит за титулата според обложувалниците

maxresdefault 3444

По првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите, европските обложувалници, имаат нов фаворит за освојување на титулата, тоа е минхенски Баерн.

Убедливата победа на Баерн во првиот меч над Арсенал, како и дебаклот на Барселона во Париз од ПСЖ, според обложувалниците, ги стави Баварците во пол позиција за освојување на титулата.

Според најновите прогнози триумфот на Баерн во евентуалното финале во Кардиф има коефициент 3,25.

Баерн е сигурен во четвртфиналето, таму веројатно ќе биде и бранителот на титулата Реал по победата над Наполи 3:1 во првиот меч. Реал е втор фаворит според обложувалниците со коефициент 5.

Следуваат ПСЖ, кој со импресивна игра ја декласира Барселона (4:0) и Јувентус, кој во средата, победи во Порто (2:0) со коефициент 7.

Зад оваа четворка е Атлетико Мадрид, екипа која играше во две од последните три финалиња во Лигата на шампионите.

Следуваат Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и Севилја, додека коефициентот дека Барселона ќе ја освои титулата изнесува 40.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП