18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖРК Вардар вo недела против Будуќност

ЖРК Вардар вo недела против Будуќност

dejvis-i-klikovac-680x365_c

ЖРК Вардар и Будуќност, в недела, ќе го одиграат дерби мечот во Групата 1 во Лигата на шампионите. Во дербито ЖРК Вардар ќе бара триумф со кој ќе ја продолжи најдолгата победничка низа во клупската историја, додека Будуќност ќе бара реванш за поразот од пред три недели.

Како никогаш досега, кога се во прашање дуелите на овие две екипи, ЖРК Вардар е апсолутен фаворит. Се во оваа сезона е на страната на македонските шампионки кои сеуште не загубиле во Лигата на шампионите, а во моментов се во серија од осум победи.

Формата, тимскиот дух, „долгата клупа“ се адутите на Вардар во пресрет на натпреварот со Будуќност, екипа која ги загуби последните две средби во Лигата на шампионите (ЖРК Вардар и ФТЦ).

„Добро се познаваме со Будуќност, сезонава игравме многу пати против нив. Сметам дека двете екипи ќе бидат максимално мотивирани да победат. Будуќност е квалитетен тим, но на овој натпревар ќе играат без притисок што ги прави уште поопасни. Но Вардар е лидер во групата и така и треба да се однесува на теренот. Добро работевме во овие две недели, верувам во победата“, рече на тренерот на ЖРК Вардар, Давид Дејвис Камара.

Ставот на својот тренер го дели и Андреа Кликовац, која потенцира дека тимот треба во мечот да влезе во „ладни глави“.

„Будуќност ќе сака да ни се реваншира. Ние со добра одбрана треба да ја запреме нивната силна бековска линија. Верувам во победата“, рече Андреа Кликовац.

Натпреварот ЖРК Вардар-Будуќност ќе се одигра в недела од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП