18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтоилов повикува на претпазливост на дуелот со Цеље

Стоилов повикува на претпазливост на дуелот со Цеље

toci33

Цеље е наредниот противник на лидерот во Б групата, Вардар, во Лигата на шампионите. Вардаровите ракометари на три кола до крајот се во пол позиција за освојување на челната позиција во групата, која ќе им донесе директен пласман во четвртфиналето.

Три победи, во последните три кола, ќе му ја донесат на Вардар првата позиција во Б групата. Во последните три натпревари Вардар ќе го пречека Цеље, потоа ќе му гостува на Мешков Брест, а во последното коло ќе му бидат домаќини на Кристијанштад.

Цеље е добро познат противник за избраниците на Раул Гонзалес, противник кого сезонава три пати го совладале (два пати во СЕХА лигата и еднаш во Лигата на шампионите).

„Три пати игравме против нив и три пати победивме, поради тоа некои мислат дека в сабота не очекува лесен натпревар. Јас знам дека нема да биде едноставно, иако играме дома и сме фаворити. Сето тоа мора да го покажеме на теренот. Нема да го потцениме Цеље, мора да забележиме победа, која ќе не доближи до првото место“, рече на прес конференцијата во пресрет на дуелот со Цеље вардаровиот капитен Стојанче Стоилов.

Човекот кој од клупата го предводи Вардар, Шпанецот Раул Гонзалес, очекува тежок натпревар потенцирајќи ја минатонеделната победа на Словенците над европскиот првак Кјелце. Цеље славеше над Кјлеце иако во еден момент во имаше негатива од шест гола. Тој предупредува дека Вардар треба да биде тимот кој ќе го диктира ритамот, односно дека неговите играчи не смеат да му дозволат на Цеље да го наметне својот брз стил на игра.

„Нашата желба е да го победиме Цеље и да се вратиме на првото место на табелата, каде сега е Рајн Некар по победата над Мешков Брест. Фаворити сме, веќе и се навикнавме на таа улога, на секој меч да сме фаворити, но потенцирам дека против Цеље нема да ни биде лесно. Тоа е тим кој во своите редови има неколку квалитетни играчи“, рече Гонзалес.

Вардаровиот тренер информира дека екипата добро тренирала во текот на оваа недела, дека противникот е добро скаутиран, а она што го радува е што сите играчи се во комбинација за овој натпревар.

Натпреварот од 12.коло во Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Цеље ќе се одигра в сабота од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП