18 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарија Петровиќ наскоро ќе ги засили редовите на ЖРК Вардар

Марија Петровиќ наскоро ќе ги засили редовите на ЖРК Вардар

marija-petrovic-680x365_c

Србинката Марија Петровиќ во најскоро време ќе ги засили редовите на ЖРК Вардар, потврдија од клубот. Петровиќ настапува на пивотменската позиција, игра во Аранѓеловац, Србија, а во ЖРК Вардар ќе ја замени повредената Андреа Човиќ.

Пивотменката Андреа Човиќ, поради повреда, најмалку два месеци ќе отсуствува од ракометните терени, па челниците на клубот мораа да реагираат и да донесат уште една ракометарка на оваа позиција, односно ракометарка која ќе може да ја менува Ања Алтхаус.

„Повредата на Човиќ не принуди да ба донесеме уште еден пивот. Ситуацијата на пазарот во овој дел од сезоната е таква што нема премногу избор. Нашето внимание го насочивме кон Марија Петровиќ од Аранѓеловац. Преговорите се при крај и кога ќе биде се договорено клубот ќе ја информира јавноста“, рече во четвртокот претседателката на ЖРК Вардар, Гордана Нацева.

Петровиќ, во случај да договори соработка со ЖРК Вардар, за својот нов клуб, во Лигата на шампионите ќе стекне право на настап во четвртфиналето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП