4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБогдановиќ е нов играч на Вашингтон Визардс

Богдановиќ е нов играч на Вашингтон Визардс

NBA: Brooklyn Nets at Washington Wizards

Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ е нов играч на Вашингтон Визардс, тим кој се наоѓа на третото место во Источната конференција со учинок од 34 победи и 21 пораз во досегашниот тек од сезоната.

Американците долго го највуваа трејдот на Богдановиќ од Бруклин во Вашингтон, кој е реализиран во финишот на преодниот рок во НБА лигата.

Покрај Богдановиќ Бруклин во Вашингтон го испрати и 22-годишниот крилен играч Крис Мекалог. Вашингтон за овие двајца на Бруклин му го отстапи правото на избор во првата рунда на овогодишниот драфт, а исто така нови играчи на Нетс станаа Ендрју Николс и Маркус Тортон.

Бруклин е тимот со најлош резултат во лигата (9 победи и 47 порази), а Богдановиќ за тимот имаше просечен учинок од 14,2 поени, 3,6 скока и 1,6 асистенции по натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП