28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Резервистите среќни за Јувентус, Варди ги продолжи надежите на Лестер

ЛШ: Резервистите среќни за Јувентус, Варди ги продолжи надежите на Лестер

alves333

Јувентус зачекори во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако во првиот осминафинален натпревар славеше во Порто со 2:0, додека Лестер избори поволен резултат во пресрет на реваншот со Севилја.

Просечен фудбал понудија дуелите со кои беа комплетирани првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите.

Јувнетус искусно, без многу ризик, ја искористи предноста од играч повеќе и славеше во Порто со 2:0. Клучниот момент на натпреварот се случи во 26.минута кога дефанзивецот на Порто Алеш Телес за неполни 40 секунди доби два црвени картон.

Италијанскиот шампион во остатокот од натпреварот одигра без ризик, трпеливо ја чекаше шансата и ја дочека во интервал од 120 секунди. Тренерот Алегри погоди со замените бидејќи Пјаца во 72-та и Дани Алвеш во 74-та ги постигнаа головите за победа.

Претходно најголемата шанса ја имаше Дибала кој го погоди дирекот.

Севилја доминираше против Лестер, но на крајот англискиот првак задоволен го напушти „Санчез Писхуан“.

Севилја упати 22 удари кон голот на Шмајхел кој блескшае на овој натпревар. Данецот во 14-та минута му одбрани пенал на Кореа. Првиот гол го постигна Сарабија во 25-та минута, а вториот Кореа во 62-та по акцијата на Јоветиќ.

Лестер успеа да израмни од единствената вистинска акција, Дринквотер нафрли од левата страна по земја, а Варди рутински го совлада Серхио Рико во 73-та минута. Овој гол беше прв за Варди во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП