4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАндора го совлада Сан Марино

Андора го совлада Сан Марино

135981176258adffcff4232811554446_w640

Двете најслаби европски репрезентации и Сан Марино и Андора, во средата, одиграа пријателски натпревар кој заврши со триумф на Андора 2:0.

Андора во Сан Марино ја прекина серијата од 86 натпревари без триумф. Интересно пред победата во Сан Марино селекцијата на Андора ја совлада Македонија со 1:0 на 13.октомври 2004 година. Црната серија на Андорците траеше 4515 денови.

Головите за победата на Андора ги постигнаа Лима од пенал во 28.минута и Мартинез во 66.минута.

Сан Марино ќе почека некоја друга можност да ја прекине серијата од 75 натпревари без победа. Последен пат оваа репрезентација победила во дуелот со Лихтенштајн 1:0 на 28.април 2004 година.

Сан Марино и Андора на ФИФА листата се наоѓаат на 202-то и 203-то место, а зад нив се наоѓаат само осум репрезентации (Британските Девствени острови, Ангуила, Џибути, Еритреја, Гобралтар, Сомалија и Тонга).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП