6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Краснодар, Јунајтед и Шалке се пласираа во осминафиналето

Лига Европа: Краснодар, Јунајтед и Шалке се пласираа во осминафиналето

juan-mata-mkhitaryan

Краснодар, Манчестер Јунајтед и Шалке се првите тимови кои се пласираа во осминафиналето во Лига Европа.

Рускиот преставник Краснодар успеа да го елиминира турски Фенербахче со вкупен резултат 2:1. По триумфот од 1:0 во првиот натпревар, Краснодар прв постигна гол и во реваншот во Истанбул, Смолов погоди во едмата минута, а во финишот на првиот дел Соуза израмни на 1:1, што беше и конечниот резултат.

Манчестер Јунајтед во Сент Етиен отпатува со голема предност од 3:0, а успеа да слави и во реваншот со голот на Мхитаријан во 17.минута. Јунајтед мечот го заврши со играч помалку бидејќи Баили доби црвен картон.

Шалке го пречека ПАОК по победата од 3:0 во првиот меч одигран во Солун. Во реваншот резултатот беше 1:1. Головите беа постигнати во интервал од 120 секунди, најпрвин Шоп во 23.минута постигна гол за Шалке, а во 25-та Настасиќ со авто гол го постави конечниот резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП