ПочетнаИНТЕРЕСНОКарпош Соколи незадоволни од судењето го прекинаа натпреварот

Карпош Соколи незадоволни од судењето го прекинаа натпреварот

karpos-2-680x365_c

Кошаркарскиот натпревар во балканската БИБЛ лига, помеѓу Карпош Соколи и Теодо не го доживеа својот крај, бидејќи домашниот тим незадоволен од судењето се повлече од теренот во 27.минута.

Стручниот штаб и кошаркарите на Карпош Соколи уште од почетокот протестираше на судиските одлуки на тројката од Бугарија (Томов, Манолов, Великов), а во 27.минута при резултат 60-61 и уште една спорна одлука решија да го напуштат теренот.

Одлуката да го напуштат теренот на натпреварот со Теодо, веројатно значи дека Карпош Соколи ќе се откаже од настапите во БИБЛ лигата, бидејќи и претходно од клубот имаа големи замерки на делењето на правдата на нивните натпревари.

На официјалната интернет страница на ова натпреварување (www.balkanleague.net) натпреварот е веќе регистриран со службен резултат 0:20.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП