28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБудимпешта се повлече од трката за домаќин за ОИ 2024

Будимпешта се повлече од трката за домаќин за ОИ 2024

3500 (2)

Унгарскиот главен град Будимпешта се повлече од трката за домаќин за Олимписките игри 2024 година, соопшти во среда унгарската влада.

Будимпешта, Лос Анџелес и Париз беа единствени кандидати за домаќини на ОИ 2024 година, а сега во септември Меѓународниот олимписки комитет ќе решава меѓу француската престолнина и калифорнискиот велеград.

Одлуката за повлекување на кандидатурата на Будимпешта ја донеле унгарскиот премиер Виктор Орбан, градоначалникот Иштван Тарлос и претставници на Унгарскиот олимписки комитет, кои итно се состанале по веста дека противниците на кандидатурата собрале преку 250.000 потписи, што е повеќе од доволно за референдум.

На Будимпешта и се даваа најмалку шанси за победа, не само заради негодувањето на јавноста, туку и заради фактот дека Унгарците би морале да изградат повеќе од половина од спортските објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП