17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВаленсија го шокираше Реал на Местаља

Валенсија го шокираше Реал на Местаља

61823515458aded82f0c10574761014_w640

Валенсија, во заостанатиот натпревар од Примера, на Местаља го совлада Реал Мадрид со 2:1, со што го направи шпанското првенство крајно неизвесно.

Реал во Валенсија го доживеа вториот пораз во Примера и не успеа да се одлепи од конкурентите,иако и натаму има бод повеќе од Барселона и натпревар помалку.

„Лилјаците“ маестрално го започнаа мечот и по само девет минути водеа со 2:0. Во 4 минута Италијанецот Симоне Заза со волеј од свртување го погоди самиот горен агол на голот, а во 9 минута брзата контра на домаќините ја круниса со погодок Чилеанецот, Фабиан Орелана.

Реал намали во 41 минута, кога по едно прецизно нафрлање од Марсело, Кристијано Роналдо со глава ја испрати топката во голот на Валенсија.

Во второто полувреме Реал напаѓаше, но без успех. За одбележување е и што во вториот дел судијата не досуди два чисти пенала за Валенсија.

Реал води со 52 бода и натпревар помалку пред Барселона со 51 и Севиља со 49, додека Валенсија со победата и 26 бодови побегна од опасната зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП