16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИско се подготвува за сензационален трансфер од Реал во Барселона

Иско се подготвува за сензационален трансфер од Реал во Барселона

isko barsa3353

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско (25), не е задоволен од статусот кој го има во тимот на европскиот првак и има намера по завршувањето на сезоната да замине во екипа каде ќе биде стандарден.

Иско, еден од најталентираните шпански играчи, во 2013 година за сума од 30 милиони евра од Малага пристигна во Реал, но не доби шанса во континуитет да настапува во стартниот тим.

Фудбалерот е разочаран, не сака да ја чека својата шанса кај Зинедин Зидан бидејќи знае дека нема да ја добие, во ситуација кога средниот ред со Каземиро, Крос и Модиќ делува речиси беспрекорно.

Поради тоа Иско решил да замине иако Реал му нуди да потпише нов договор. Според шпанските медиуми играчот не бил заинтересиран да го продолжи договорот, според кој треба да му биде зголемена и платата.

„Иско сака да биде стандаден играч во тимот, зголемувањето на платата нема да го премисли“, пишува El Mundo Deportivo.

Истиот извор открива дека главен фаворит за неговиот потпис е најголемиот ривал на Реал, Барселона.

Доколку се остварат овие најави Иско ќе стане 13-от во историјата кој од Реал се преселил во Барселона. Во минатото тоа го направиле Ето, Перез, Гасија Лара, Просинечки, Лопетегуи, Хаџи, Амадор, Милер, Переда, Перез и Лизарага.

Меѓутоа само тројца од овие 12 направиле директен трансфер од „Сантијаго Бернабеу“ на „Ноу Камп“: Лусиано Лизарага во далечната 1905 година, потоа Лусиен Милер во 1965 година и актуелниот тренер на Барселона Луис Енрике пред 21 година.

Покрај Барселона за Иско сериозен интерес покажуваат Јувентус, Челзи и Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП