22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки најголеми фаворитки за освојување на титулата во ЛШ

Вардарки најголеми фаворитки за освојување на титулата во ЛШ

zrk-vardarrrrrr

Ракометарките на Вардар се најголемите фаворитки за освојување на титулата во Лигата на шампионите, се вели во анализата на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

ЖРК Вардар се наоѓа во добра форма, нема пораз сезонава во Лигата на шампионите, а заедно со ФТЦ се единствените екипи кои победија на првите три средби во главната фаза.

Вардар игра добра одбрана има „долга клупа“, што според анализите на ЕХФ го става во пол позиција за освојување на трофејот во Лигата на шампионите.

„Тие се единствентата непоразена екипа во ова натпреварување и поради тоа се на врвот на оваа листа. Играат одлична одбрана и имаат добар ростер, што е причина да бидат едини од фаворитите за трофејот“, се вели меѓудругото во анализата на ЕХФ.

Инаку, според ЕХФ, зад ЖРК Вардар се унгарските тимови ФТЦ и Ѓер, а потоа се наредени Ларвик, ЧСМ Букурешт, Митјиланд, Мец, Будуќност, Турингер и Есбјерг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП