19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПредраг Вејин нов ракометар на Металург

Предраг Вејин нов ракометар на Металург

vejin-680x365_c

Повремениот српски репрезентативец, десниот бек, Предраг Вејин (24 години, висок 195 см) е нов ракометар на Металург. Вејин во Металург доаѓа од Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати, а со тимот Автокоманда потпиша договор до крајот на сезоната.

„Со оглед на тоа што Војислав Брајовиќ си замина, а на таа позиција го имаме само младиот Велковски, имавме потреба од уште еден десен бек во екипата во пресрет на доигрувањето во првенството на Македонија и во натпреварите во Купот на Македонија. По неколкуте одработени тренинзи со екипата младиот српски ракометар одлично се вклопи во тимот и, што е многу важно, ги задоволува критериумите за игра во двата правца, во одбрана и во напад“, изјавил за клупската интернет страница тренерот Лино Чер¬вар.

Металург во наредните денови ќе треба да ги заврши сите административни работи за Вејин да може да настапи на последните два натпревари на Металург во СЕХА лигата, против Извиѓач и Нексе.

Вејин потекнува од ракометната школа на Металопластика од Шабац, а интернационалната кариера ја градел во Адемар Леон во Шпанија, односно во францски Данкерк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП