2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпектакл во ЛШ: 8 голови во Манчестер, 6 во Леверкузен (видео)

Спектакл во ЛШ: 8 голови во Манчестер, 6 во Леверкузен (видео)

120192324458acb33a68d36154457845_w640

Спектакуларните натпревари во Манчестер и Леверкузен, каде вкупно беа постигнати 14 голови, односно брлијантните голови на Радамел Фалкао и Саул Нигез, ги обележаа натпреварите помеѓу Манчестер Сити и Монако, односно Беар и Атлетико Мадрид.

Манчестер Сити против лидерот во францускиот шампионат се врати од амбисот, имаше негатива 1:2 и 2:3, но во последните 20 минути успеа да постигне три гола и со предност 5:3 ќе патува во малото кнежевство на реваншот за две недели.

Серијата на голови ја отвори Стерлинг во 25.минута по асистенцијата на Сане. Монако до крајот на полувремето направи пресврт, најпрвин Фалкао погоди со глава, а потоа и Мбапе го совлада Кабаљеро.

По пет минути игра Монако прошушти голема шанса да стекне два гола предност, бидејќи Кабаљеро му одбрани пенал на Фалкао.

Резултатот го израмни Агуеро во 58.минута. Аргентинецот упати удар од околу 15 метри, а Субашиќ реагираше аматерски, топката мина нез неговите раце и заврши во голот.

Фалкао со својот втор гол, во 61.минута повоторно ја врати предноста кај Монако. Колумбиецот изведе брлијантна индивидуална акција, најпрвин лесно го мина Отаменди, потоа и Стонс и од 15 метри го лобоваше Кабаљеро.

Во последните 20 минути Сити направи целосен пресврт Агуеро израмни на 3:3 во 71.минута, шест минути подоцна Стонс ја врати предноста кај Сити, а конечните 5:3 ги постави Сане.

Атлетико гостуваше во Леверкузен и успеа да го совлада Баер со 4:2. Актуелниот европски првак по пауза од 21 година успеа да постигне четири голови на гостински терен во европските купови, а Гризман кој го постигна вториот гол за Атлетико, стана најдобриот стрелец во историјата на „јорганџиите“, во Лигата на шампионите.

Блескаше на овој меч Кевин Гамеиро, кој во саботата во првенството постигна хет-трик. Францускиот репрезентативец намести еден гол и постигна гол од пенал кој сам го избори.

Брзите напаѓачи на Атлетико им создаваа многу проблеми на дефанзивците на Баер, особено на Драговиќ, кој направи две катастрофални грешки, кои противникот ги казни.

Две чисти шанси пропушти Атлетико до 17.минута, кмога Саул Нигез постигна преубав гол. Саул од врвот на шеснаесетникот, од десната страна, успеа да го погоди споритвниот агол од голот на Лено. Осум минути подоцна Гамеиро ја искористи грешката на Драговиќ, потоа успеа да навлече двајца дефанзивци на Баер, го проигра Гризман кој го постигна вториот гол.

На стартот на вториот дел Белараби успеа да го врати Баер во мечот со голот за 1:2. Сепак Атлетико успеа да ја врати предноста од два гола. Гамеиро лесно го мина Драговиќ, кој потоа направи фаул за пенал, а францускиот репрезентативец во 59.минута беше успешен реализатор.

Девет минути подоцна германскиот тим повоторно се доближи на гол негатива. Брант центрираше од левата страна, Моја лошо интевенираше ја одби топката кој го погоди Савиќ и заврши во голот.

Потоа Баер промаши две шанси за израмнување, а Атлетико тоа го казни преку Торес во 86.минута, за конечни 2:4.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП