10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеџик Џонсон прв оперативец на Лејкерси

Меџик Џонсон прв оперативец на Лејкерси

hi-res-82c6c5a6514bad03c3351ac515ab7d28_crop_north

Легендата на ЛА Лејкерс, Ирвин „Меџик“ Џонсон ја презеде челната позиција во клубот, а долгогодишните директори добија отказ.

Лејкерси им врачија откази на луѓето кои две децении ја креираа иднината на клубот, Џим Бас и Мич Купчак, а на нивните позиции го назначија легендарниот Меџик Џонсон.

Бас 19 сезони беше прв оперативец на тимот, додека Купчак во овој тим мина три децении, 17 од нив како генерален менаџер.

ЛА Лејкерси, еден од најславните клубови во НБА историјата, оваа сезона се меѓу најлошите екипи во лигата со скор од 19 победи и 39 порази.

Минатата сезона беше најлошата во историјата на франшизата со само 17 победи и 65 порази. Лејкерси три години во низа не успеваат да играат во плејофот, тековната ќе им биде четврта што ќе биде нов негативен клупски рекорд.

Меџик Џонсон во минатото ги предводеше Лејкерси до пет шампионски титули, а по завршувањето на кариерата имаше неколку функции во клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП