19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на Металург го совладаа Горење

Ракометарите на Металург го совладаа Горење

metalurg-1-680x365_c

Ракометарите на Металург славеа против Горење 28:25 во последниот меч кој оваа сезона го одиграа пред домашната публика во СЕХА лигата.

Металург ја забележа петтата победа во регионалната конкуренција, откако успеа во последните 15 минути да надомести негатива од четири гола.

По израмнетото прво полувреме, во кое Горење одржуваше предност од два гола, Словенците први повлекоа во вториот дел, една нивна серија од пет голови, во периодот од 33. до 39.минута, им ја донесе максималната предност од четири голови 16:20.

Гостинот таа предност без многу проблеми ја одржуваше до 46.минута (19:23), кога Металург заигра многу поагресивно во одбраната, младиот голман Томовски одбрани неколку топки и во наредните 12 минути тимот на Червар со серија 7:1, стигна до 26:24.

Во последните две минути од натпреварот Металург само ја потврди својата победа.

Голманите Арсиќ и Томовски одбранија 15 топки, Србинот 10, а македонскиот репрезентативец 5, додека стрелците ги предводеа Илиќ со 7 голови, без промашување, односно Обрадовиќ и Кузмановски кои мрежата на Горење ја погодија по пет пати.

До крајот на регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата Металург го очекуваат две гостувања, најпрвин кај Извиѓач (28.февруари), а потоа и кај Нексе (7.март).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП