7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлатенбург го одложи заминувањето во Саудиска Арабија

Клатенбург го одложи заминувањето во Саудиска Арабија

klaten

Англискиот судија Марк Клатенбург ќе остане во Премиерлигата до крајот на сезоната, а потоа ќе замине на новото работно место во Саудиска Арабија, пренесоа англиските медиуми.

Клатенбург минатата недела соопшти дека ќе замине од Англија и ќе замине во Саудиска Арабија каде ќе му помага на тамошниот Фудбалски сојуз да го подобри судењето и едукацијата на судиите.

Тој на функцијата ќе го замени сонародникот Хауард Веб кој на почетокот на месецот поднесе оставка, бидејќи ја прифатил понудата од САД, истата функција да ја обавува во американската МЛС лига.

Клатенбург (41), минатата година беше прогласен за најдобар светски судија. Во 2016 година тој ги судеше најзначајните натпревари финалињата во Лигата на шампионите, Европското првенство и ФА купот.

Како што соопшти Здружението на професионални судии, Клатенбург до крајот на сезоната ќе суди на уште најмалку четири натпревари во Премиерлигата.

Во Саудиска Арабија тој ќе работи за годишна плата од 500.000 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП