6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДани Алвеш: Челниците на Барселона се непристојни и неблагодарни

Дани Алвеш: Челниците на Барселона се непристојни и неблагодарни

skysports-dani-alves-juventus_3877142

Десниот бек на Јувентус, Дани Алвеш, го критикуваше раководството на својот поранешeн клуб Барселона, со зборовите дека „немаат никаков однос кон играчите“.

Бразилецот осум години го носеше дресот на Барселона и во тој период освои 23 трофеи и беше еден од најважните играчи за според многумина најдобрата дружина која играла фудбал.

Во интервју за ABC, открил дека никој во Барселона не разговарал со него за продолжување на договорот се до моментот кога ФИФА во 2014 година во два преодни рока му ги забрани трансферите на клубот.

„Ми се допаѓа кога сум сакан, а знам дека треба да заминам кога не ме сакаат. Во моите последни три години стално слушав дека заминувам, но никој од менаџментот не зборуваше на таа тема. Беа непристојни, неблагодарни, се однесуваа како измамници. Продолжување на соработката ми понудија кога стигна казната од ФИФА, ког знаеа дека нема да можат да купуваат играчи“, рекол 33-годишниот десен бек.

„Решив да ја играм нивната игра, но потпишав договор кој ја вклучуваше клаузулата дека можам да го напуштам клубот по една година како слободен играч. Така им вратив. Луѓето кои ја водат Барселона незнаат како да се однесуваат кон своите играчи“, дополнил Алвеш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП