4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛакрабер и наредната сезона во дресот на ЖРК Вардар

Лакрабер и наредната сезона во дресот на ЖРК Вардар

aleksandra-lakraber-i-vardar-kje-sorabotuvaat-i-v-godina-9314

Александра Лакрабер и наредната сезона ќе го носи дресот на ЖРК Вардар, откако со клубот договори нова едногодишна соработка.

Француската репрезентативка, која настапува на позицијата лев бек, на почеток на оваа сезона пристигна во Скопје.

Лакрабер, во тековната сезона, во која ЖРК Вардар веќе обезбеди пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, постигнува во просек по 3,6 голови во елитното натпреварување.

Инаку, Лакрабер е шестата ракометарка од актуелниот состав на Вардар, која го продолжи договорот со клубот. Претходно тоа го направија Андреа Лекиќ, Андреа Пенезиќ, Андреа Кликовац, Барбара Лазовиќ и Татјана Хмирова, а од наредната сезона ново лице во ЖРК Вардар ќе биде Драган Цвијиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП