25 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈaguar подготвува конкурент на BMW M3

Јaguar подготвува конкурент на BMW M3

jagi003

Британскиот производител „Jaguar“ развива нова верзија на својот модел „XE“, која ќе биде позиционирана како директен конкурент на „BMW M3“. Ова го тврди весникот „AutoExpress“ кој го објавува своето видување за тоа како би можел да изгледа сличен автомобил.

Машината се подготвува од делот „Special Vehicle Operations“ (SVR), кое е одговорно за изработка на високи и суперлуксозни модификации на моделите на компанијата „Jaguar Land Rover“. Според информациите работата по неа е во финална фаза.

Досега „SVR“-верзии се нудеа само за моделите „Jaguar F-Type“ и „Range Rover Sport“. Новиот „XE SVR“ ќе го добие нивниот 5,0-литарски V8 мотор кој ќе биде комбиниран со 8-степен автоматски менувач. Најмоќната верзија на мотор развива 567 КС и 700 Нм, но се претпоставува дека кај автомобилот на „Jaguar“, агрегатот ќе се потпира на околу 500 КС.

Предвидено е со овој мотор „Jaguar XE SVR“ да забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 4 секунди. За споредба, сегашната најмногу моќна верзија на моделот – „XE S“, го прави истото за 5,1 секунди. Што се однесува до „BMW M3“, тоа се потпира на 3.0-литарски мотор со 6 цилиндри и 426 КС, кој овозможува развивање на 100 км/ч од место за 4,3 секунди.

Меѓу конкурентите на моделот на „Jaguar“ ќе бидат уште „Mercedes-AMG C 63 S“ со V8 мотор со 503 КС, кој забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди, како и новиот „Audi RS 4“. Тој ќе добие 2,9-литарски V6 со 500 КС и ќе развива до 100 км/ч од место исто за 3,9 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП