3 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМандорлини нов тренер на Џенова на Пандев

Мандорлини нов тренер на Џенова на Пандев

genoa

Горан Јуриќ, по дебаклот во Пескара, повеќе не е тренер на Џенова. По натпреварот група од околу 300 навивачи го нападнаа клупскиот автобус со јајца, а играчите и стручниот штаб вербално ги нападнаа.

Џенова, чии дрес го носи Горан Пандев кој во катастрофата во Пескара одигра 60-тина минути, експресно доби нов тренер, откако раководството му врачи отказ на Хрваттот Горан Јуриќ.

Нов тренер на Џенова е Андреа Мандорлини кој договорил 18-месечна соработла, до јуни 2018 година.

Мандорлини (56) е порнешен дефанзивец на Торино, Аталанта, Интер и Удинезе, последното работно место му било во Верона во 2015 година. Во кариерата предводел неколку италијански второлигаши, а во странство работел во романски Клуж.

Џенова се наоѓа во катастрофална серија на резултати, на последните девет натпревари тимот за кој игра Пандев има освоено само два бода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар