18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарпош Соколи го освоија Купот на Македонија

Карпош Соколи го освоија Купот на Македонија

karposh

Кошаркарите на Карпош Соколи се победници во Купот на Македонија во сезоната 2016/2017. Скопскиот тим, во финалето, го совлада Фени индустри 80-69 (21-20, 21-17, 13-15, 25-17) и го освои првиот трофеј во историјата на клубот.

Карпош Соколи во финалето ја оправда фавористската улога, иако Фени беше во игра се до почетокот на последната четвртина.

Првото полувреме му припадна на Карпош Соколи со 42-37, предност до која играчите на тренерот Николиќ стигнаа серија 16-4 во последните три минути, откако претходно Фени водеше 26-33.

Карпош во третиот период прв пат создаде двоцифрена предност 49-39, но Фени уште еднаш се врати, со серија 3-13 за 55-52.

Мечот кошаркарите на Карпош Соколи го решија во првата половина од последната четвртина, кога на пет минути до крајот на мечот со тројката на Пери ја остварија највисоката предност од 17 поени (71-54).

Четворица играчи во тимот на Карпош Соколи постигнаа двоцифрен број на поени, Мавра 21, Лабовиќ 17, Пери и Зековиќ по 13.

Николовски гсо 19 поени и Магдевски со 10 поени, пет асистенции и шест украдени топки беа најдобрите играчи кај Фени индустри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП