12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички-Карпош, МЗТ-Фени полуфинални двојки во Купот

Работнички-Карпош, МЗТ-Фени полуфинални двојки во Купот

drenovac-680x365_c

Карпош Соколи-Работнички и МЗТ-Фени се полуфиналните двојки во кошаркаскиот Куп на Македонија кој од петокот се одржува во Кавадарци.

Работнички во четвртфиналното дерби го совлада Куманово со 87:81. Скопскиот тим во најголемиот дел од натпреварот имаше контрола врз играта и резултатот, Куманово се закани во финишот но не успеа да направи пресврт.

Мишановиќ со 23 и Мираковски со 17 кошеви го предводеа Работнички, додека најефикасен кај Куманово беше Караџовски со 19 поени.

Карпош Соколи ќе му биде противник на Работнички во полуфиналето, откако со 92:84 го совлада Вардар.

Иако тоа резултатот не го покажува Карпош Соколи ритунски стигна до победата на овој меч.

Трајковски постигна 20, а Соколов 18 за Карпош, а Лефковски со 18 поени го предводеше Вардар.

Фени го декласира АБ Охрид 112:69 и избори полуфинале со бранителот на трофејот МЗТ.

МЗТ, во последното четвртфинале славеше над Кожув 83:72. Бранителот на трофејот победата ја најави на стартот кога поведе со 15:0.

Скот постигна 24, а Дреновац два поени помалку за МЗТ, додека кај Кожув најефикасен беше Мек Нил со 18 поени.

Полуфиналните натпревари се играат в сабота, од 18 часот ескопската пресметка помеѓу Работнички и Карпош Соколи, а од 20:30 часот ќе играат Фени и МЗТ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП