15 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСкандал во Шпанија: Тројца играчи добиле 650.000 евра за да наместат натпревар

Скандал во Шпанија: Тројца играчи добиле 650.000 евра за да наместат натпревар

mestaci233

Тројца поранешни фудбалери на Бетис Амаја Каразо, Џорди Фигерас и Чави Торес се обвинети дека примиле поткуп од 650.000 евра за да местат натпревари и дека намерно загубиле од Осасуна во последното коло во Примера, во сезоната 2013/2014.

Шпанскиот суд објави дека покрај споменатите фудбалери под истрага биле уште 29 лица, во најголем дел членови на раководството на Осасуна.

Двегодишната истрага, како што соопшти судот, покажала дека раководството на Осасуна на тогашните фудбалери на Бетис им дала 400.000 за да го победата Ваљадолид, а потоа им платила 250.000 евра за да загубат од Осасуна.

Бетис го победи Ваљадолид 4:3, а потоа загуби од Осасуна со 2:1, но на крајот овие тимови не успеаја да го сочуваат прволигашкиот статус, бидејќи Алмерија со нерешените 0:0 против Атлетик Билбао го сочува прволигашкиот статус. таа сезона за да опстане во лигата на Осасуна и беше потребен пораз на Алмерија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП