20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал поразен од Баерн, Реал го совлада Наполи (видео)

Арсенал поразен од Баерн, Реал го совлада Наполи (видео)

54851176058a4c74c95b9d363677005_w640

Фудбалерите на Баерн и Реал направија голем чекор кон пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Во првите осминафинални натпревари Баерн го декласира Арсенал со 5:1, а Реал го совлада Наполи со 3:1.

Реал на „Сантијаго Бернабеу“ рутински славеше над Наполи, кој на крајот може да биде задоволен со поразот од два гола.

Бензема на стартот во 20-та секунда, пропушти голема шанса, а потоа во 8-та минута Инсиње постигна убав гол. Напаѓачот на Наполи доби длабинска топка од Хамшик, забележа дека Навас е лошо поставен и од 35 метри пласираше во неговиот десен агол.

Потоа Бензема во 12-та минута пропушти уште една голема шанса, а седум минуит подцна конечно успеа да го совлада Реина. Карвахал нафрли пред голот на Наполи, Бензема беше повисок во скокот од Албиол за 1:1.

До крајот на полувремето Наполи успеа некако да ги одбие нападите на Реал, а Бензема во 44-та минута го погоди дирекот.

Реал прашањето на победникот го реши во првите десет минути од вториот дел. Роналдо по десната страна ја измеша одбраната на Наполи, ја врати топката на врвот од шеснаесетникот каде што беше Крос кој постигна гол за водство 2:1. Во 54-та минута Каземиро со волеј од 22 метри ја погоди малата мрежа.

До крајот Реал ја контролираше играта, можеше да постигне уште некој гол, но и Наполи имаше добра шанса во 67-та минута, но Мертенс биеше над голот.

Сличен натпревар одиграа Баерн и Арсенал, нерешено на полувремето 1:1, а потоа Баварците го декласираа противникот во вториот дел.

Првиот гол го постигна Робен, а израмни Санчез, кој најпрвин промаши пенал но одбиената топак ја смести зад грбот на Нојер.

Во второто полувреме еден блиц криг на Баварците кои од 53-та до 63-та минута постигнаа три гола. Најпрвин погоди Левандовски, а потоа два гола постигна Алкантара. Точка на мечот стави Милер во 88-та минута.

Реваншот натпреварите во Неапол и Лондон ќе се одигра на 7.март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП