ИНТЕРЕСНО

Хумелс: Ние не сме во најдобра форма, Арсенал има шанси

3D35BB7000000578-0-image-a-1_1487096671878

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матс Хумелс, изјавил дека Баварците во моментов не го играат својот најдобар фудбал и дека веројатно тука Арсенал ќе ја бара својата шанса.

Баерн Минхен и Арсенал, во среда, ќе го одиграа својот прв осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Баварците во оваа иста фаза два пати ги има елиминирано „тобџиите“ од Лигата на шампионите о последните четири години.

„Лично, среќен сум тука, сезоната е добра. Кога станува збор за тимот, нашите резултати и позицијата на табелата се во ред. Сепак на теренот не делуваме онака како што би требало да изгледаме. но тоа е нешто што може да се исправи. Мораме напорно да работиме. Во овој момент сме далеку од нашата најдобра форма“, рекол хумелс во пресрет на мечот со Арсенал.

„Арсенал е тим кој сака да игра фудбал, сакат да го имаат поседот на топката. Мораме добро да се подготвиме бидејќи не сме навикнати да играме против такви тимови“, дополнил германскиот репрезентативец