20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ со убедливи 4-0 против Барса во првото осминафинале (видео)

ПСЖ со убедливи 4-0 против Барса во првото осминафинале (видео)

71141436258a37c78e87d1352663580_w640

ПСЖ ја декласира Барселона 4:0 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Анхел Ди Марија со два, а Единсон Кавани со еден гол, го прославија 29-от, односно 30-от роденден. Барселона која изгледаше катастрофално во текот на целиот меч, го одигра првиот натпревар сезонава на кој не постигна гол.

ПСЖ на „Паркот на Принцовите“ го одигра најдобриот меч во последните неколку сезони, ја декласира Барселона 4:0 и со голема веројатност обезбеди пласман во четвртфиналето.

Унаи Емери тактички целосно го надмудри Луис Енрике, постави тактика која неговите фудбалери беспрекорно ја спроведоа на теренот. ПСЖ битката ја доби на средината од теренот каде доминираа Рабио, Верати и Матуиди.

Од друга страна ПСЖ не дозволи напаѓачкото трио на Барселона (Нејмар-Меси-Луис Суарез) да влезе во гол шанса. При секој нивни допир со топката навремено беа удвојувани, а едниствен кој се обиде да креира нешто беше Нејмар.

Од добрата игра во одбраната и средниот ред ПСЖ молскавично се префрлуваше во нападот, покрај головите пропуштија уште неколку добри шанси и помалку звучи неверојатно, но Барселона треба да е задовлна што поразот не беше изразен со уште некој гол.

Немоќта на Барселона се огледа и во односот на директните удари кон голот, 10 за ПСЖ, два за Барселона. Андре Гомеш во „еден на еден“ не успеа да го совлада Трап во 30-та минута, а Умтити во 82-та минута го погоди дирекот.

ПСЖ по два гола постигна во првото и второто полувреме, Ди Марија во 18-та минута изведе брилијантен слободен удар и од 20 метри го совлада Тер-Штеген. Во 40-та минута Рабио на центарот му одзеде топка на Меси, го проигра Верати кој по десната страна го исфрли Дракслер кој по земја го погоди спортивниот агол.

Ди Марија својот втор гол го постигна во 55-та минута. На левата страна од игра оиспаднаа тројца играчи на Барселона, топкта стигна до Аргентинецот, кој ја повлече малку напред, а потоа од 18 метри ја погоди малата мрежа.

Конечниот резултат го постави Кавани во 71-та минута, по асистенцијата на Минуе. Белгискиот репрезентативец на својата половина пресече едно додавање кон Нејмар, ја влечеше топката 30-тина метри, а потоа правовремено ја упати во простор за Уругваецот кој го постави конечниот резултат.

Реваншот во Барселона ќе се одигра на 8.март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП