25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Twizy инспириран од Ф1

Renault Twizy инспириран од Ф1

renault twizy f1 1

„Renault Twizy“ е електричен градски автомобил со цена помала од 7000 евра и е достапен во спектар на моќ од 5 до 17 коњски сили.

Затоа неможе да се нарече еден вид на возило кое има поврзаност со Форумула 1, но тоа не го спречи „Renault“ да го претстави новиот „Twizy“ концепт кој е инспириран од најбрзиот циркус во светот.

renault twizy f1 2

Концептот во чие создавање помогнаа и „Renault Sport“ и „Renault Sport F1“ има многу различни технологии од Форумла 1, вклучувајќи ги тркалата и гумите со ф1 спецификации, дифузор, крило од јаглеродни влакна, па дури и „KERS“ систем.

renault twizy f1 3

„KERS“ е идентичен со оној во ф1, а може скоро шестпати да ја зголеми моќта и тоа на близу 100 KS, овозможувајќи му на малиот концепт до „стотка“ да забра исто како и „Megane Renaultsport 265“.

„Renault“ за овој проект го одбра токму „Twizy“ за да покаже дека автомобил кој е светлосни години оддалечен од Формула 1 може да има корист од технологијата која се развива за највисоката категорија во автомобилскиот спорт.

renault twizy f1 4

Ова сепак не е првпат „Renault“ да користи модел кој неможе да се нарече спортски, а во кој ќе ја покажат својата ф1 експертиза. На саемот во Париз во 1994-та година, француската компанија го претстави „Espace F1“ концепт кој во целост беше направен од јаглеродни влакна.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП