8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБенфика со минимална предност ќе патува во Дортмунд (видео)

Бенфика со минимална предност ќе патува во Дортмунд (видео)

37552503_401

Фудбалерите на Бенфика со минимална предност ќе патуваат на осминафиналниот реванш во Дормунд, откако во вторникот ја совладаа Борусија 1:0.

Бенфика на „Луж“ стадионот, во најголемиот дел од натпреварот беше во подредена положба, но успеа да стигне до победата со голот на Костас Митроглу во 48.минута.

Трагичар на натпреварот е напаѓачот на Борусија, Пјер-Емерик Обамејанг, кој најпрвин во 10-та минута не реалзиира „мртва“ шанса, беше сам пред Едерсон но шутираше над голот, а во 55-та минута не реализира пенал.

Две чисти шанси не успеа да реалзиира ниту 19-годишниот Дембеле, во 22-та и 50-та минута Едерсон ги одбрани неговите удари.

Единствениот гол Митроглу го постигна по корнерот на Салвио, Луисао ја спушти топката пред голот на Бурки, а Митроглу само ја спроведе во голот.

Реваншот во Дортмунд ќе се одигра на 8.март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП